HomeФЕР ПЛЕЈФудбалГотово: Милан ја доби битката, напаѓачот го потврди трансферот на „Сан Сиро“

Готово: Милан ја доби битката, напаѓачот го потврди трансферот на „Сан Сиро“

Најдобриот стрелец на Пескара Џанлука Лападула својата кариера ќе ја продолжи во Милан во трансфер вреден 10 милиони евра. Лападула донесе голема одлука во својата кариера и го избра Милан, бидејќи покрај клубот од „Сан Сиро“ одличниот напаѓач го посакуваа уште и Јувентус, Наполи, Сасуоло, Џенова, Лацио и Лестер Сити.

Првиот човек кој ги договара трансферите на Милан Адријано Галијани, успеа да го убеди напаѓачот да премине во редовите на Милан, каде ќе заработува 1.2 милиони евра по сезона во текот на наредните четири години.

Лападула 2

„Беше ова трансфер кој и двете страни го посакуваа. Многу сум среќен поради се и сум му благодарен на извршниот директор Галијани и на претседателот Берлускони“, изјави Лападула. Лападула денес треба да ги помине лекарските прегледи и официјално да биде претставен како нов член на Милан.

Лападула има 26 години, а минатата сезона постина 27 погодоци во дресот на Пескара и беше најдобар стрелец во Серија Б.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com