HomeФЕР ПЛЕЈФудбалГотово е, Хари Кејн доби партнер во нападот!

Готово е, Хари Кејн доби партнер во нападот!

После речиси два месеци пеговори, закани и фрустрации, Тотенхем ангажираше нов напаѓач. Медиумите во Холандија пренесуваат дека клубовите се договориле и Винсент Јансен е нов фудбалер на Тотенхем. АЗ бараше повеќе пари за својот напаѓач, а на крајот ќе добие 20 милиони евра плус бонуси за најдобриот стрелец во лигата. Јансен експлодираше минатата сезона по доаѓањето од понизок ранк, постигна 25 погодоци на 34 натпревари во првенството.

Тој ја помина школата на Фејнорд, а во АЗ Алкмар се изгради како напаѓач, на Англија и се претстави на Вембли. Асистираше и постигна погодок во пријателскиот натпревар кој се одигра на пролет против Англија. Инаку во првите пет натпревари за репрезентацијата на Холандија постигна и три погодоци, многумине го споредуваат со Ван Нистелрој, а ако продолжи во овој ритам ќе биде одлично засилување за клубот од Лондон.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com