HomeФЕР ПЛЕЈФудбалГотово е, Лестер го донесе најскапото засилување во историјата!

Готово е, Лестер го донесе најскапото засилување во историјата!

Актуелниот шампион на Англија го договори трансферот на нигеријскиот напаѓач. Како што пренесоа извори блиски до клубот, досегашниот напаѓач на ЦСКА Москва Ахмед Муса е нов член на Лестер Сити, кој за неговиот трансфер платил сума од 16.6 милиони фунти, односно околу 20 милиони евра, што е најскап трансфер во историјата на овој клуб.

„Се е завршено, Муса во среда ќе слета во Англија за да ги помине медицинските прегледи и да потпише договор“, изјави Тони Харис. Тренерот на ЦСКА Леонид Слутски исто така го потврди овој трансфер. „Муса ќе не напушти оваа недела, а ако некогаш сте ја гледале неговата игра тогаш ќе знаете дека тој е создаден за англискиот фудбал“, истакна Сутлски.

Муса ќе биде најскапо платениот фудбалер во Лестер Сити и четвртото засилување на „Лисиците“ ова лето, откако претходно во клубот пристигнаа голманот Рон-Роберт Цилер, Луис Ернандез и Менди.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com