HomeРЕФЛЕКТОРМузикаГорилата Коко засвире со басистот на „Red hot chili peppers“! (ВИДЕО)

Горилата Коко засвире со басистот на „Red hot chili peppers“! (ВИДЕО)

Басистот на популарната група „Red hot chili peppers“, Фли, ја посети горилата Коко во Вудсајд, Калифорнија, а после запознавањето и дружењето, славната Коко засвире на неговата гитара. Музичарот и ја даде својата бас гитара на горилата, која многу бргу почна да ги помрднува жиците и дури успеа да одсвири неколку тонови.

„Таа има прсти и се, навистина брзо разбира, тоа е супер“, ја пофали Фли горилата и додаде дека таа е најубавата работа која му се случила во животот. „Овој ден никогаш нема да го заборавам“, додава Фли. Како што истакнуваат вработените во фондацијата, 45-годишната горила е голем обожавател на музиката. Ја воодушевувале топли звуци, а имала обичај и да заигра.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com