HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаГореа две плевни во тетовско

Гореа две плевни во тетовско

Поголема материјална штета и за среќа без човечки жртви е последицата од пожарот што синоќа околу 19 часот избувнал и опожарил две плевни во тетовското село Церово, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски. Во едниот објект, како што рече Јосифовски, приземјето се користело и како угостителски објект, а покрај тоа опожарени се вкупно 350 бали сено, јонџа, жито и друга добиточна храна. Увидот за причините за пожарот ќе биде извршен денеска.

За три дена ова е уште еден случај на опожарување на објект за чување на добиточна храна. Во саботата целосно беше опожарен сенарникот со околу 15 илјади бали добиточна храна за потребите на фармата во средното земјоделско училиште „Моша Пијаде“ во Тетово. Според досегашните проценки вкупната штета од саботниот пожар изнесува над еден милион и двесте илајди денари.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com