HomeДЕНЕШНАСветГолем пожар во Москва, 17 мртви

Голем пожар во Москва, 17 мртви

Голем пожар во магацин за печатење во Москва, во кој починале 17 работници од Киргистан, бил предизвикан од скршена ламба, изјавил директорот на московската гранка на руското министерство за вонредни состојби Иља Денисов. „Со сигурност можеме да потврдиме дека причина за пожарот била скршена ламба. Во магацинот во кој избил пожарот се наоѓала голема количина на запалив материјал“, изјавил Денисов.

Сите починати работници биле државјани на Киргистан, кои во Русија престојувале легално, пренесуваат руските медиуми. „Во текот на гасењето на пожарот кој зафаќал 200 метри квадратни, пожарникарите откриле дека една просторија била потполно одсечена поради пожарот. Пожарникарите го пробиле ѕидот и пронашле 16 мртви тела“, стои во соопштението од министерството. Едно лице кое било хоспитализирано починало како резултат на тешката повреда, додека 12 лица биле спасени.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com