HomeАНТИСТРЕСЖуркиГолем број на поп и фолк ѕвезди ќе настапат на Прилепскиот пиво фест

Голем број на поп и фолк ѕвезди ќе настапат на Прилепскиот пиво фест

Позната е целосната програма за годинешниот Пиво фест во Прилеп кој ќе се одржува од 17 до 21 јули, а се очекуваат стотина илјади посетители. Организаторите најави одлични содржини во текот на сите четири фестивалски вечери, а како и изминатите години ќе има различни изведувачи од поп и фолк естрадата од Македонија и Балканот.

Оваа година на Пиво фест ќе настапат Каролина Гочева, Crossroad Blues Band, познатата ска – панк група од Белград „Самостални референти“, Fly Project, Raphael, Тропико Бенд, Рада Манојловиќ, Хари Мата Хари, Александра Радовиќ, Миле Кузмановски, Bang La Decks, Дејан Петровиќ, Парни Ваљак и Аца Лукас.
Македонски железници ќе воведе и вонредни возови кои за лицата до 26 години ќе бидат бесплатни, а ќе биде поставен и камп со шатори во Могилата на непобедените.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com