HomeДЕНЕШНАСветГолем број на жртви во Мексико по пустошот на бурата Ерл

Голем број на жртви во Мексико по пустошот на бурата Ерл

Најмалку 40 луѓе ги загубија животите во Мексико по пустошот на тропската бура Ерл која донесе обилни дождови и предизвика лизгање на земјиште. Токму во свлечиштата на истокот на Мексико има најголем број на жртви и повредени.

meksiko bura

Спасувачи со кучиња трагачи го пребаруваат теренот во сојузните држави Пуебла и Веракруз, а бројот на исчезнати засега е непознат. Се стравува дека врнежите ќе се повторат во наредните неколку дена.

Американскиот Национален центар за урагани во неделата изјави дека е формирана нова тропска бура, Хавиер, која во вторник ќе донесе силни ветришта од 75 км/ч и поројни дождови во Мексико.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com