HomeДЕНЕШНАЕкономијаГолемо вмрежување на металната индустрија преку Macedonia Manufacturing Expo

Големо вмрежување на металната индустрија преку Macedonia Manufacturing Expo

Денес за првпат во Македонија се одржи конференција за вмрежување на компаниите од македонската лесна метало-преработувачка индустрија со странски купувачи, насловена Macedonia Manufacturing Expo. На конференцијата присуствуваа 48 компании од Македонија во својство на добавувачи и 18 компании, од кои 16 странски, во својство на купувачи. Меѓу потенцијалните купувачи беа и големи меѓународни компании како Сименс (Siemens) и Скаутби (Scoutbee). Во текот на конференцијата беа одржани 140 деловни состаноци меѓу компаниите од кои се очекуваат нови бизнис зделки. Покрај директните деловни средби помеѓу домашни и странски купувачи, на конференцијата ќе се зборува за трендовите и новите технологии во индустријата.

%d0%bc%d0%b0%d1%80%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0%d1%83%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b3%d1%80%d0%bd%d0%b0%d1%80%d0%be%d0%b2%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%82%d1%81%d0%b5%d0%b4%d0%b0%d1%82%d0%b5

„За компаниите од металната индустрија е од големо значење отворање на странските пазари, а оваа конференција е можност за почеток на некаква соработка. Нашите производи се пред се наменети за извоз и неопходна ни е помош во тој сегмент, бидејќи полесно е да се пробива пазарот заеднички, отколку секој поединечно“, објаснува Марта Наумовска Грнарова, Претседател на Aсоцијација на метална и електро индустрија, еден од организаторите на конференцијата.

%d1%9f%d0%b5%d1%81-%d0%b1%d0%b5%d1%98%d0%bb%d0%b8-%d0%b0%d0%bc%d0%b1%d0%b0%d1%81%d0%b0%d0%b4%d0%be%d1%80-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%b0%d0%b4-1

„САД веќе 10 години го поддржува развојот на лесната индустрија во Македонија. На пример, Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси работеше со индустријата и институциите на создавање на дата база чија цел е прибирање и промовирање на податоци за производите на преку 200 македонски компании од овој сектор. Ова споделување на информации е важен ресурс за економските промотори кои рабоата на привлекување странски инвеститори“, изјави Џес Бејли, Амбасадорот на САД, во неговиот поздравен говор.

%d0%b8%d0%b2%d0%b0%d0%bd%d0%b0-%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%b8%d1%9c-%d0%b7%d0%b0%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%ba-%d0%b4%d0%b8%d1%80%d0%b5%d0%ba%d1%82%d0%be%d1%80-%d0%bd%d0%b0-%d0%b0%d1%81%d0%b8

„Придобивките од соработката помеѓу домашните и странските компании се двострани. За странските компании кои користат производи и услуги од нашите фирми крајниот бенефит е намалување на трошоците, користејќи македонски производи и услуги со добар квалитет, но со пониски цени. Од друга страна, домашните компании преку соработката со странските ќе го подигнат нивото на технолошко и менаџерско знаење, ќе се стекнат со вештини за подобра организација на работата што ќе придонесе и за поголема конкурентност на европските и светски пазари“, додава Ивана Николиќ, Заменик Директорката на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на РМ.

%d0%bf%d1%83%d0%b1%d0%bb%d0%b8%d0%ba%d0%b0-1

Еднодневната конференција е организирана од Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија, Асоцијација на метална и електро индустрија – МАМЕИ и Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на РМ (АСИПИРМ) со поддршка од Германската стопанска комора во РМ (AHK), Американската  стопанска комора во РМ (AmCham), Амбасадата на Холандија во РМ и Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ).

 

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com