HomeСТУДЕНТУМГолеми инвестиции за средношколски проекти

Големи инвестиции за средношколски проекти

Министерството за образование и наука најави нова програма за поддршка на проекти на средните училишта со вредност од 700 илјади евра, пари кои се обезбедени преку Светска банка и ќе се доделуваат како грантови.

„Програмата нуди неколку типови на грантови, односно нуди можност за финансирање на проекти за реализација на практичната настава во склоп на училиштата, за организирање на кампови за техничка обука за време на летен распуст, курсеви за практична обука во училиштата, проекти за реализација на практична настава во компаниите – директно на работно место, проекти за основање на реални училишни компании и слично. Износот на средства кои можат да се добијат се движи од 5.000 до 20.000 евра по проект“, изјави министерот Ристовски.

Министерството ќе им биде на располагање на сите средни училишта при изработка и подготовка на апликациите и развој на програмите за учениците. Обуките ќе се организираат по региони и во наредните неделе етапно ќе се извршуваат Секое училиште може да аплицира со повеќе проекти за повеќе типови на грантови, најдоцна до 15-ти мај.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com