HomeДЕНЕШНАСветГолеми апсења во Турција, објавена слика од првиот напаѓач

Големи апсења во Турција, објавена слика од првиот напаѓач

Турските безбедносни служби изведоа десетина акции во повеќе градови низ државата со цел да фатат што е можно повеќе терористи на ИСИС од заспани ќелии кои можеби се поврзани со крвавите напади врз аеродромот Ќемал Ататурк во Истанбул или пак планираат нови напади.

foto napagac istanbul

Објавена е првата фотографија од еден од терористите во нападот на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул. Турските безбедосни сили извршиле претрес на две куќи во кои нашле шифрирани документи поврзани со екстремистичка организација, како и различни дигитални материјали. Засега се уапсени 13 лица од кои тројца се странци. На аеродромот црниот биланс достигна 42 мртви и 238 повредени.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com