HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаГолема трагедија, три лица од семејство загинаa во судар кај Гостивар

Голема трагедија, три лица од семејство загинаa во судар кај Гостивар

Страшна трагедија се случи попладнево откако две возила се судрија на автопатот Скопје-Гостивар. Во возилото кое се упатувало од Кичево се наоѓале четворица патници од кои таткото, мајката и ќерката се загинати, а синот е тешко повреден. Тие се судриле со автомобил „мерцедес“ со странски регистарски таблички кој од Скопје патувал накај Охрид.

Возачот поминал со полесни повреди и ќе биде задржан во полициска станица. Заради прекинот во сообраќајот, кај ресторанот Панорама, од двете страни се создадени колони од возила. Нормализирањето на сообраќaјот се очекува по завршување на увидот, велат полициски извори.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com