HomeДЕНЕШНАРепубликаГолема средба на лица со инвалидитет на Треска за поголема мобилност

Голема средба на лица со инвалидитет на Треска за поголема мобилност

Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија денес ќе ја одржи големата средба во природа на езерото Треска во Сарај каде треба да пристигнат околу 400 лица со попреченост во движењето.

На сите ни е познато дека многу малку труд вложуваме за да им го олесниме движењето и пристапот низ урбаните средини, па затоа овој настан треба да испрати порака за бројноста на овие лица и нивните потреби, а истовремено да послужи и за дружење.

Оваа година мотото е „Сплотени, достоинствени и силни“ со што се испраќа порака дека со организираност и здруженост може да се изборат за своите права и да бидат слушнати од институциите на државата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com