HomeРЕФЛЕКТОРИзложбиГолема изложба на турскиот уметник Мустафа Чеват Атал во Охрид

Голема изложба на турскиот уметник Мустафа Чеват Атал во Охрид

Охридската публика ќе може да ги погледне делата на одличниот турски уметник Мустафа Чеват Атал вечерва од 20 часот во Спомен куќата на Христо Узунов. Самостојната зложба „Инскрипции, жена во простор“ е во организација на Завод и Музеј – Охрид.

Мустафа Чеват Атал е роден во Караман, Турција. Дипломирал на Универзитетот Селџук, докторирал на „Гази“ Универзитетот, а од 2013 година работи како лектор на „Намик Кемал“ Универзитетот во Текирдаг, Турција.

Има остварено шест самостојни изложби и голем број групни изложби. „Инскрипции, жена во простор“ е најновиот циклус слики со кој авторот ќе се претстави пред Охридската публика.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com