HomeДЕНЕШНАПолитикаГоворот на Стојанче ги разнежи специјалците, повлечена барикадата

Говорот на Стојанче ги разнежи специјалците, повлечена барикадата

„Ќе ги спречиме уфрлените провокатори, никој од нас вечерва со ништо нема да фрли кон полицијата. Имам информација дека полицајците имаат наредба да тепаат и при најмал знак на насилство. Граѓани, тие се наши пријатели, браќа, роднини, тие не штитат и ние со ништо нема да допринесеме за да ги повредиме. Да живее полицијата“, се зборовите на генералот Стојанче Ангелов со кои припадниците кои стојат во првиот заштитен ред се разненжнија и речиси ги насолзија очите.

Веднаш по групното пеење на химната специјалците ги повлекоа водените топови, а потоа и ја расформираа барикадата за да може народот слободно да се движи. Остануваме на терен, состојбата се менува од миг во миг.

Видео на фан страната на Позитив.

Репортер: Христијан Станоевиќ
Фото: Кристина Атовска

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com