HomeДЕНЕШНАСветГнев за убиената горила, детето не било во опасност

Гнев за убиената горила, детето не било во опасност

Приматологот Џејн Гудал упати жестоки критики против вработените во зоолошката во Синсинати кои донесоа одлука да го застрелаат горилата Харамбе откако момченце на четиригодишна возраст падна во кафезот.

Присутните изреагирале многу панично што придонело горилата да се вознемири, но Гудал проценува дека немало вистинска закана кон детето бидејќи Харамбе сакал да го однесе на сигурно и не би го повредил.
Вработените донесоа одлука да го застрелаат со боева муниција, наместо со анестизија бидејќи таа се активира по десетина минути.

harambe gorilla2

Убиството на Харамбе предизвика и жестоки реакции на интернет, се најавуваат протести пред зоолошката и петиција за одговорност на раководството и мајката која не внимавала на своето дете.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com