HomeРЕФЛЕКТОРМузикаГитаристот Слеш со изненадувачка посета на проба на претстава во Бродвеј

Гитаристот Слеш со изненадувачка посета на проба на претстава во Бродвеј

Популарниот гитарист Слеш ги изненади младите актерки на бродвејската претстава „Rock and roll school“ кога им се придружи на пробата за време на изведување на хитот „Sweet Child Of’ Mine“ од бендот „Guns and roses“. Музичарот се појавил на сцената додека актерите го вежбале изведувањето на песната и засвирел заедно со младиот гитарист Бренд Нидерауер.

slesh

Слеш продолжил да свири со актерите, за потоа да разговара со нив и да се фотографира. „Беше навистина убаво чувство да се сретнам со група на талентирани рокери полни со ентузијазам. Тие се навистина супер деца и подеднакво добри музичари“, вели Слеш. Слеш не бил единствениот ѕвезда која се придружила на ансамблот на претставата „Rock and roll school“.

Нешто порано оваа година Стиви Никс ја изведе нумерата „Rhiannon“ пред изненадената публика. Според зборовите на актерот Алекс Брајтман, Никс неколку пати ја гледала шоу-програмата и била дури заинтересирана да го однесе овој бенд со себе на турнеја.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com