HomeРЕФЛЕКТОРМузикаГитаристот на „Аеросмит“ префрлен во болница, му се слошило за време на настап

Гитаристот на „Аеросмит“ префрлен во болница, му се слошило за време на настап

Гитаристот на рок групата „Аеросмит“ Џо Пери бил префрлен во болница бидејќи му се слошило на бината за време на концерт со својот друг бенд во Њујорк. На Пери му се слошило синоќа за време на настапот со актерот Џони Деп и Алис Купер во нивниот бенд „Холивуд Вампаерс“ во амфитеатар на Кони Ајленд во њујоршкиот четврти Бруклин.

Dzo peri 1

Управникот на болницата на Кони Ајленд потврдил дека 65-годишниот Пери се наоѓа на испитувања. Издавачот на плочи за бендот изјавил дека Пери се наоѓа во стабилна состојба и дека се одмара. Алис Купер исто така испрати порака преку Твитер во која потврдува дека Пери се наоѓа во добра состојба.

Бендот продолжил да свири после заминувањето Џо Пери. Групата „Холивуд Вампајерс“ која ја основаше актерот Џони Деп заедно со Пери и Купер кон текот на месец мај и јуни имаше турнеи по цела Европа, а во текот на месец јули е предвидено да настапуваат ширум САД/

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com