HomeРЕФЛЕКТОРМузикаГитарата на Елвис Присли продадена за 334.000 долари

Гитарата на Елвис Присли продадена за 334.000 долари

Гитарата која Елвис Присли ја добил од својот татко продадена е за 334.000 долари аукција во куќата „Џулиенс“ во Њујорк, која понуди низа на предмети кои му припаѓале на познатиот музичар. Од аукциската куќа „Џулиенс“ бил продаден и текстот за песната „Being for the Benefit of Mr Kite!“, кој го напишал Џон Ленон за групата „Битлси“. Новиот газда на овој текст морал да издвои сума од 354.400 долари.

Меѓу другите предмети на аукцијата се наоѓала и црвената јакна која Мајкл Џексон ја носел за време на својата турнеја „History“ од 1996 до 1997 година, како и првиот клавир на Елвис Присли. Јакната била продадена за 256.000 долари, додека клавирот достигнал вредност од 140.025 долари, што е 60.000 долари повеќе од предвиденото.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com