HomeДЕНЕШНАРепубликаГимназијалци од Куманово ги освоија првите три места на државен натпревар по руски јазик

Гимназијалци од Куманово ги освоија првите три места на државен натпревар по руски јазик

12998655_1337925929556897_8461822059628563313_n

Учениците од Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово заминаа дома со првите три места од државниот натпревар по руски јазик кој секоја година се одржува во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија.Под менторска палка на професорката Биљана Коцевска, првото место замина во рацете на Мартина Радевска, со второ место се закити Дамјан Ристевски, а високото трето место го освои Симона Коцевска.

Учениците своето знаење го покажаа пред комисија од Руска амбасада и Филолошкиот факултет во состав: Алексеев Александр Евгењевич – прв секретар по култура, образование, наука и спорт; Лушин Михаил Михајлович – Аташе по образование и лекторите Пљасунова Надежда Јуриевна од МГУ Москва и Екатерина Терзијоска од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com