HomeФЕР ПЛЕЈФудбалГеце се посрамоти, Ројс ја доби најлошата роденденска честитка

Геце се посрамоти, Ројс ја доби најлошата роденденска честитка

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс вчера го прослави својот 27-ми роденден, нешто што беше во тотална сенка поради  објавената листа на Јоаким Лев во кој Германецот нема да биде дел од Евромундијалот поради повреда.

Неговиот поранешен соиграч од „милионерите“, Марио Геце, буквално го зададе најболниот удар откако на својот Твитер профил објави: „Среќен роденден Марко. Едвај чекам да го стартуваме нашиот нов голем турнир заедно“, пишува во првата објава на Геце по која следуваше уште полоша грешка.

twitter gece1
„Среќен роденден Марсињо11, но сите ние сме многу тажни. Неверојатно, ова навистина ме боли“, стоеше во „поправниот“ твит на фудбалерот кој го привлече вниманието на социјалните мрежи и фудбалската јавност.

twitter gece2

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com