HomeГИГА БАЈТХај текГерманците креирале камера што може да се вбризга во телото – мала колку зрно сол

Германците креирале камера што може да се вбризга во телото – мала колку зрно сол

Германски истражувачи при Универзитетот на Штутгарт развија микрокамера со големина колку едно зрно сол. Камерата е толку мала, што може да биде ставена во шпринц и да се вбризга во човекот.

3Д-испринтаната камера заедно со куќиштето, има ширина од само 0,12 милиметри. Камерата може да фокусира на дистанца од 3 милиметри, што според овие научници е одличен начин на истражување и фотографирање на внатрешните човечки органи, што досега не сме можеле да ги видиме, вклучувајќи го и мозокот.
kamera 1
Исто така, камерата може да се користи за надгледување и да биде интегрирана во дронови, светлосни системи, дури и роботи, пишува The Verge. А токму поради ова, оваа камера веќе е етикетирана како контроверзна – поради можноста за злоупотреба на истата во цели на загрозување на приватноста на луѓето.

Сепак, оваа микрокамера ги покажува можностите на денешната технологија и нејзиниот напредок. И иако треба уште да се работи на камерата, истата презентира бројни нови возбудливи можности.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com