HomeДЕНЕШНАПолитикаГерманската влада на чело со Меркел дозоли Турција да го суди сатиричарот Јан Бехерман

Германската влада на чело со Меркел дозоли Турција да го суди сатиричарот Јан Бехерман

Германската влада на чело со Меркел дозволи Турција судски да го гони сатиричарот Јан Бехерман кој преку германската државна телевизија ЦДФ го навреди турскиот претседател Ердоган.

Во Берлин на прес – конференцијата канцеларката Меркел потенцираше дека согласно германските закони владата решила да му дозволи на Јавното обвинителство само да одлучи дали ќе покрене тужба против Бехерман по барањето на официјална Анкара. Според канцеларката не се работи ниту за осуда за Бехерман ниту за одлука за намалување на слободата печатот, уметничкото изразување или слободното изразување.

Таа вели дека судството и презумцијата на невиност се позициите од кои тргнува владата по барањето на Турција германското обвинителство да покрене процес против Бехерман за навреда на странски политичар, за што максималната казна е 5 години затвор. Воедно Мекел најави дека владата од 2018 година ќе го промени законот со кој се санкционираат навредите кон странски шефови на држави и влади.

Сатиричарот Бехерман преку државната ЦДФ телевизија читаше поема во која турскиот претседател беше прикажан како педофил, зоофил и со други погрдни карактеристики поради кои неговата емисија веднаш беше тргната од програмата и од интернет.

Инаку, германската влада на чело со канцеларката Меркел признава дека случајот предизвикал поделби во владата затоа што иако е јасно дека постои намера да се навреди со него става знак прашалник на темата слобода на говорот и уметничка слобода . Голем дел од јавноста во Германија е убедена дека дозволата германското обвинителство да го гони Бехерман се должи на централната улога на Турција планот за спречување на бегалскиот бран кон Европа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com