HomeДЕНЕШНАСветГерманија по примерот на Ердоган: Блокира Facebook профили поради критика кон властите

Германија по примерот на Ердоган: Блокира Facebook профили поради критика кон властите

Администрацијата на најголемата социјална мрежа, Facebook привремено ја блокирала страницата на германскиот писател и новинар, Удо Илкфкоте, кој на неа поставил најава за својата нова книга во која ја критикува миграциската политика на властите во Европската унија, вели авторот во интервјуто за телевизијата RT.

Известувањето од администрацијата на социјалната мрежа е дека содржината на објавата ги нарушувала општествените норми. Во книгата, како што вели авторот, се содржани податоци како водечките европски медиуми и владејачките структури ги забошотуваат злосторствата што мигрантите ги извршуваат во Европа. Во интервјуто, Удо Улфкоте истакнува дека на социјалните мрежи на Западот и покрај декларираната слобода на говорот, илјадници корисници и постови се подложени на цензура.

Улфкоте од претходно е познат по своите остри изјави против европските миграциски политики и опасноста од исламизацијата на Западот. Во интервјуто за RT тој зборува се конфликтот со администрацијата со социјалната мрежа.

„Објавив на Facebook пост со реклама за мојата нова книга, којашто ја пишував во соработка со поранешен полицаец. Во постот само раскажав за нејзината содржина. Меѓутоа, тие го блокираа мојот профил. Нашето министерство за правда неколкупати објави дека доколку корисниците на Facebook објават „политички некоректни“ постови, нивните акаунти ќе бидат блокирани. Сега тоа ми се случи мене“, вели германскиот новинар.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com