HomeДЕНЕШНАРепубликаГерила акција: Табли алармираат за иселувањето во Реканскиот крај

Герила акција: Табли алармираат за иселувањето во Реканскиот крај

Утрово во Реканскиот крај се појавија табли со патокази на кои освен насоки, има и број на иселени лица од местата во изминатите 20 години, пренесува А1он.

Ростуше, Велебрдо, Битуше, Требиште и другите населени места од овој крај некогаш биле големи и бројни села, сега се опустени, а луѓе има само во летниот период.

Акцијата е помогната од програмата „Цивика мобилитас“, која е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка.

„Со оваа акција сакаме да му помогнеме на локалното население и да алармираме за една од најголемите болки на реканскиот крај – иселувањето. Акцијата е наменета за поддршка на локалните невладини организации и месните заедници да го дигнат својот глас и да алармираат за овој горчлив проблем во реканскиот регион“, велат активистите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com