HomeФЕР ПЛЕЈРакометГдањск ги чека, а Обрван ги одбира најдобрите ракометари

Гдањск ги чека, а Обрван ги одбира најдобрите ракометари

 

Веќе трети ден како машката ракометна репрезентација на Македонија ги одработува подготовките за претстојните олимписки квалификации што ќе се играат во Гдањск, Полска. Селекторот Ивица обрван избра 20 ракометари, но од утре ќе бидат сите во полн состав.

Дејан Манасков, Стојанче Стоилов, Велко Маркоски и Никола Митервски поради клупски обврски отсуствуваат, а поради повредата на прстот отпадна и Филип Лазаров, а денеска просутните ракометари работеа во две групи во СЦ „Јане Санадснки“ и во фитнес центарот во комплексот.

Селектрот Обрван изјави дека сите знаат што ја чека македонската репрезентација. „Ако е напорно за нас да играме во три дена три натпревари напорно е и за нашите ривали. Можеби Тунис е во мала предност бидејќи во првото коло ќе игра против Чиле, а ние со домаќинот Полска. Но, едно е сигурно ќе мора максимално да играме на сите дуели. Имаме група која можеме успешно да ја минеме и да постигнеме успех. Воедно и со тоа да ги израдуваме сите во Македонија и оваа селекција да биде првата која ќе избори настап на Олимписки игри во еден колективен спорт“ – додаде Ивица Обрван.

Инаку, репрезентацијата во Скопје ќе тренира до среда вечер, тогаш е и последниот тренинг, а во четврток рано наутрно нашите црвено – жолти ракометари ќе заминат за Полска.

Како информација плус, Македонија во Гдањск за ривали ги има селекциите на Полска, Тунис и Чиле. Па да им посакаме среќен пат и многу успеси и среќа на теренот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com