HomeФЕР ПЛЕЈФудбалГвардиола посакува играч на Дортмунд во Сити

Гвардиола посакува играч на Дортмунд во Сити

Photo by Adam Pretty/Bongarts/Getty Images

Новиот тренер на Манчестер Сити Пеп Гвардиола го означи Пјер-Емерик Аубамејанг како една од главните мети во летниот трансфер период. Гвардиола сака да направи реконструкција во напаѓачката линија на тимот, каде сигурно е местото само на Кун Агуеро, а како што пишуваат медиумите Гвардиола идеално решение за нападот на Сити гледа во вториот најдобар стрелец во Бундес лигата.

Габонецот во своите редови го посакуваат уште и Манчестер Јунајтед, Арсенал и Реал Мадрид, за кој се шпекулира дека е спремен да издвои сума и од 90 милиони евра за овој напаѓач. Споменатиот износ нема да биде проблем ниту за Манчестер Сити, бидејќи Гвардиола на располагање ќе има дури 200 милиони. Аубамејанг оваа сезона постигна 33 погодоци на 38 натптревари за Борусија во сите натпреварувања, додека има само два погодока помалку од првиот стрелец во германското првенство Роберт Левандовски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com