HomeФЕР ПЛЕЈФудбалГвардиола: Атлетико е на исто ниво со Барселона и Реал Мадрид

Гвардиола: Атлетико е на исто ниво со Барселона и Реал Мадрид

Тренерот на Баерн Пеп Гвардиола изјави дека Атлетико Мадрид по квалитетот кој го поседува е на исто ниво со Барселона и Реал Мадрид и дека покажал дека може да игра многу добро против големите екипи. „Шпанските клубови во претходните неколку години играа многу добро во европските натпреварувања. Внимателно ја следам шпанската лига и знам колку е добар Атлетико Мадрид. Луѓето секогаш зборуваат за Реал Мадрид и Барселона, но во последните пет години Атлетико е на нивно ниво“, изјави Гвардиола.

Тој исто така додаде дека Атлетико има многу силна одбрана и дека на неговиот тим ќе му биде тешко, исто како и против Јувентус „Барселона е најдобриот клуб во Шпанија во последните 10 години, а Атлетико успеа да ги исфрли два пати во последните три сезони. Диего Годин е секогаш тука да ја украде топката, а Јан Облак е одличен голман. Не чека тежок натпревар“, додаде Гвардиола.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com