HomeДЕНЕШНАЕкономија„Гаспром“ основа фирма-ќерка во Германија за да се справи со законите

„Гаспром“ основа фирма-ќерка во Германија за да се справи со законите

Компанијата „Гаспром“ соопшти дека ја основала во Берлин Gazprom NGV Europe, компанија која во целост ѝ припаѓа на Gazprom Germania GmbH. „На 24 август 2016 года Gazprom Group основа нова компанија Gazprom NGV Europe, во Берлин. Оваа компанија-ќерка во целост ѝ припаѓа на Gazprom Germania GmbH која ќе продолжи да ги врши работите поврзани со (трговијата) со течен природен гас“, се вели во соопштението на сајтот на Gazprom Marketing and Trading Ltd.

За раководител на компанијата е назначен Уве Јохан од Gazprom Marketing and Trading Ltd, пренесува „Рамблер Њуз Сервис“. Се истакнува дека Gazprom NGV Europe е формирана со цел компанијата во целост да одговара на германското законодавство кое бара разграничување меѓу транспортот и трговијата. Во моментов компанијата поседува 50 бензински пумпи во Германија, додека во Чешка и Полска има уште 10 станици.

Во мај 2014 година федералната регулаторна агенција на Германија побара Gazprom да ја прекине трговијата со течен гас на бензиските пумпи. Компанијата се обиде да ја обжали одлуката, но безуспешно.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com