HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамГалерија: „Оживеано“ култното BMW на Елвис Присли

Галерија: „Оживеано“ култното BMW на Елвис Присли

Тимот на BMW потполно го обновил моделот BMW 507 roadster кој своевремено му припаѓал на Елвис Присли додека тој служел војска во Германија. Возилото било пронајдено во штала. Автомобилот има убава приказна зад себе и за прв пат ќе биде претставен на Pebble Beach изложбата во Калифорнија.
bmw 1
Ова е еден од поретките BMW автомобили и е изработен во само 252 примероци, а славниот пејач поседувал два BMW 507 модела. Инаку, Елвис Присли овој roadster го купил во 1957-та година и тоа како “половно” возило, бидејќи автомобилот првично бил користен како изложбен модел на Саемот за автомобили во Франкфурт, а подоцна и како новинарско тест возило.
bmw 2
Ова BMW 507 оригинално имало бела боја на каросеријата, но Присли побарал да се обои во црвено бидејќи обожавателките со кармин му ги оставале своите телефони.
bmw 4
Исто така, Елвис го заменил и оригиналниот мотор со осумцилиндричен агрегат од Chevrolet. Германскиот бренд сепак одлучил за во обновениот автомобил да го врати оригиналниот 3.2-литарски V8 во комбинација со 4-степена ZF автоматска трансмисија.
bmw 3

bmw 5

bmw 6

bmw 7

bmw 8

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com