HomeДЕНЕШНАРегионВучиќ очекува нова Влада до 16-ти јуни

Вучиќ очекува нова Влада до 16-ти јуни

Србија до 16 јуни ќе ја има новата Влада, откако следната недела ќе се одржат преговорите за коалиција, денеска соопшти Александар Вучиќ, кој го доби мандатот за состав на новата Влада. Вучиќ и коалицијата, предводена од неговата Српска напредна партија, победија на изборите на 24 април со 48,24 проценти од гласовите, обезбедувајќи доволно мнозинство од 131 пратенички мандата во 250-члениот српски Парламент.

И покрај фактот дека резултатите од изборите на неговата колаиција и дозволуваат самостојно владеење, Вучиќ сака да привлече уште еден коалициски партнер, кој со него ќе ја сподели одговорноста за непопуларните реформи, кредитот од 1,2 милијарда евра од Меѓународниот монетарен фонд и преговорите за членство во Европската Унија, пишуваат британските медиуми. Вучиќ закажа предвремени избори за да ги зацврсти своите позиции и да си обезбеди нов четиригодишен мандат, за земјата да ја одведе до ЕУ до 2020 година.

При денешната посета на фабрика во близина на Белград, Вучиќ изјави дека во понеделник ќе се сретне со социјалистите, предводени од поранешниот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, а потоа ќе зборува и со четири други парламентарни партии и со претставници на националните малцинства со намера до 16 јуни да ја формира новата Влада.

Вучиќ не прециизраше дали повторно ќе влезе во коалиција со социјалистите, како што се очекува. Иако претходната Влада беше стабилна, во двете години на нејзино владеење се појави напнатост меѓу партијата на Вучиќ и социјалистите, кои инсистираа на поблиски врски со Русија и понекогаш се спротивставуваа на политиката на строго штедење, што ги туркаше Вучиќ. Според законот, крајниот рок за формирање на владата е 15 септември.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com