HomeДЕНЕШНАРегионВучиќ: Нема референдум за ЕУ во Србија

Вучиќ: Нема референдум за ЕУ во Србија

Српскиот премиер Александар Вучиќ за германскиот весник „Билд“ изјави дека Србија нема да спроведе референдум за прашањето дали да се приклучи кон Европската Унија или не, пренесоа британските медиуми. Прашан од весникот за тврдењата дека рускиот претседател Владимир Путин го искористува своето влијание во Србија за да изврши притисок за неспроведување на референдум за приклучување кон ЕУ, Вучиќ кажа: „Не знам за Путин, но јас знам дека некои српски партии повикуваат на тоа“.

Вучиќ додаде „мојот одговор е јасен: нема да има референдум, независно колку иницијативи има за него“. Неколку мали десничарски партии, кои се изјаснуваат за поблиски врски со Кремљ, повикаа на референдум за приклучување на Србија кон ЕУ, и покрај тоа што земјата едвај и да го почна преговарачкиот процес и се надева членството да го добие во текот на 2020 година.

Вучиќ изјави дека пред парламентарните избори јасно дал до знаење дека неговата цел е приклучувањето на Србија кон ЕУ. „Ние го освоивме апсолутното мнозинство. Ќе направиме се што е можно за да ја постигнеме нашата цел. Доколку скршнеме од оваа патека, Србија ќе тргне во погрешна насока“, подвлече српскиот премиер.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com