HomeДЕНЕШНАРегионВучиќ: можни се немири на закажаните протести во Бања Лука

Вучиќ: можни се немири на закажаните протести во Бања Лука

Српскиот премиер Aлександар Вучиќ побара од политичките лидери на Република Српска да спречат насилство на протестите закажани за 14 овој месец. Опозицијата и владејачката партија во Република Српска ги повикаа приврзаниците на протести во Бања Лука пред локалните избори што треба да се одржат во октомври годинава. Опозицијата ќе протестира против невработеноста и корупцијата, додека владејачката партија ги повика луѓето да и дадат поддршка на политиката на владата.

Не се мешаме на било каков начин во нивниот внатрешен политички живот, не ме интересира кој има мнозинство во народното собрание, не ме интересира кој ќе победи на следните изборите, не не интересира ништо од тоа, само сакаме во согласност со нашите обврски од дејтонскиот договор да ги замолиме да се сочува мирот во Република Срспка, изјави Вучиќ.

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека разузнавачките служби имаат информации дека е можно да дојде до немири за време на најавените протести во Бања Лука. Премиерот на република Српска, Милорад Додик му се заблагодари на Вучиќ за изразената загриженост и изјави дека би било најдобро вооппшто и да не дојде до протестите. Додека лидерот на опозицијата Младен Босиќ, изјави дека има информации за екстремистички групи, за кои е планирано да присуствуваат на митингот организиран од власта и одговорноста за евентуални немири ја префрли на Додик.

Секако сум сигурен дека овие два настани во Република Српска ќе бидат безбедни и дека како човек кој има одговорност како претседател на републиката и како претседател на партијата, потполно стојам зад она што треба да го направат органите, државните органи за да обезбедат стабилна и мирна ситуација.

Српската демократска партија и сите незадоволни граѓани имаат право да го искажат своето мислење и ние ќе се бориме за ова наше право.

Не ни требаат конфликти. Мирот и стабилноста се клучни услови без кои Србија не може да има напредок изјави Вучиќ. Ги молиме да се зачува мирот во Република Српска, бидејќи не ни треба било каков српско-српски судир. Иднината и опстанокот на Република Српска би биле доведени во прашање со какви било судири или физички пресметки објасни Вучиќ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com