HomeАНТИСТРЕСЖуркиВтора вечер од штипската пастрмајлијада: „Рибља Чорба“ како во најдобрите денови! (ГАЛЕРИЈА)

Втора вечер од штипската пастрмајлијада: „Рибља Чорба“ како во најдобрите денови! (ГАЛЕРИЈА)

Синоќа се одржа и втората вечер од десетото по ред издание на штипската пастрмајлијада, а меѓу другите, главни актери синоќа во Штип беше добро познатата српска рок група „Рибља Чорба“. Легендарниот Бора Ѓоревиќ и неговиот бенд два и пол часа забавуваа илјадници гости со многу позитивна енергија и секако целото тоа зачинето со вкусот на старата добра штипска пастрмајлија.

4

8

Втората вечер од штипската пастрмајлијада со свој настап ја отвори Јордан Митев, потоа следеа настапи на Наташа Малинкова, Силви Бенд и Куртиш Бенд, за кулминацијата да се случи со легендите на рок музиката на балканските простори добро познатите на македонската публика „Рибља Чорба“.

10

2

3

12-2

И на првата вечер и синоќа можевме да бидеме сведоци дека годините не се пречка за да се направи одличен концерт и одлична атмосфера. „Рибља Чорба“ како во најдобрите денови, професионален настап од два и пол часа кој постојано ги држеше штипјани и гостите на нозе пеејќи ги добро познатите стари хитови.

12-1

5

9

Целиот бенд беше во знакот на штипската пастрмајлијада, а легендарниот Бора се појави со мајца која ги освои срцата на штипјани.

6

Три генерации пораснаа со овие апсолутни легенди, па така синоќа на улиците во Штип можевме да видиме и млади и стари лица кои го следеа спектаклот на „Рибља Чорба“. Вечерва се подготвуваме за уште еден голем концерт воедно и последен за ова јубилејно издание на штипската пастрмајлијада, концерт на уште една голема легенда Здравко Чолиќ.

7

Автор: Донев Михаило

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com