HomeДЕНЕШНАРегионВо Црна Гора потпишан договор за изградба на Трансбалканскиот коридор

Во Црна Гора потпишан договор за изградба на Трансбалканскиот коридор

Договорот за изградба на Трансбалкански електроенергетски коридор преку Црна Гора вреден 25 милиони евра, кој го финансира Европската унија, а го имплементира Германската развојна банка (KfW) е потпишан вчера во Ластва Грбаљска.

Договорот го потпишаа министерот за економија на Црна Гора Владимир Кавариќ, членот на Управниот одбор на KfW за Европа и Азија, Роланд Силер и извршниот директор на Црногорскиот електропреносен систем Иван Булатовиќ.

– Проектот подразбира јакнење на црногорската инфраструктура поврзана со подморски кабли и изградба на далноводи во Црна Гора и Србија. Вкупната вредност на проектот е 127 милиони евра. Црногорски електропренос со помош на Владата на Црна Гора обезбеди кредитни средства од страна на ЕБРД и KfW, а договорот, кој го потпишуваме претставува кофинансирање на тие кредитни средства од донации во износ од 25 милиони евра, нагласи Кавариќ.

Министерот за економија потсети дека проектот има огромно значење за енергетиката и целокупната економија на Црна Гора.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com