HomeАЈНШТАЈНИЈАВо хамбургерите пронајдено месо од глувци и човечки ДНК

Во хамбургерите пронајдено месо од глувци и човечки ДНК

Истражувањето на американската компанија „Clear Labs“ покажало присуство на човечки и ДНК од глувци во хамбургерите. „Clear Labs“ со седиште во Калифорнија изврши испитувње на 238 примероци од мелено месо, замрзнати плескавици, бургери и вегетаријански бургер. „Иако може да звучи лошо, присуството на човечки ДНК и ДНК од глувци не е штетно за човечкото здравје, доколку не ја надмине дозволената количина“, стои во соопштението.

Уште стои дека пронајдената човечка ДНК е веројатно последица од присуство на влакна од косата, кожата или пак ноктите кои се случајно вмешале во процесот на производство, како и тоа дека присуството на ДНК на глувците е последица на присуството на изметот на тоа животно. Според овие истражувања во вегетеријанските бургери било пронајдено месо, додека во еден хамбургер кој се смета за хамбургер од грашок, воопшто не бил пронајден грашок.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com