HomeДЕНЕШНАПолитикаВо среда ќе започнат протести и во Охрид

Во среда ќе започнат протести и во Охрид

13055453_1720945461487550_6972687681105403531_n

Против одлуката на Иванов на протести се одлучија да излезат и граѓаните на градот Охрид. Тие најавија дека во среда во 18 часот ќе излезат на улиците да протестираат против одлуката на Иванов за одложување на изборите.

„Ние, кои протестираме низ улиците на Македонија во име на слободата, правдата и еднаквоста, здружени со сите слободо и правдољубни сили во општеството под знамето на заедничката борба за ослободување од корумпираните деспоти кои нѐ доведоа до работ на целосна пропаст, повторно ПОВИКУВАМЕ НА МАСОВЕН ПРОТЕСТ, во среда, 20 април 2016, кој ќе започне во 18.00 на платото кај Чинарот“, стои во официјалната најава за овој протест во Охрид.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com