HomeДЕНЕШНАСветВо поплавите во Индонезија, 30 мртви, 19 исчезнати

Во поплавите во Индонезија, 30 мртви, 19 исчезнати

Најмалку 30 лица починале во поплавите во Индонезија, додека 19 лица се водат како исчезнати кога лавина од кал ги поплавила нивните домови, соопштија локалните власти. Силен дожд кој ја зафатил Индонезија уште од вчера наутро предизвикала големи поплави ширум провинцијата во Индонезија Централна Јава, каде биле поплавени над илјадници домаќинства.

Според најновите податоци, спасувачките екипи пронашле тела на 30 лица, а 19 се водат како исчезнати. Видео-снимките на локалните телевизиски станици прикажуваат како луѓето седат на крововите на своите домови за да побегнат од големото ниво на вода кое постојано расте.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com