HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаВо нива со компири во тетовско откриени 200 стебла марихуана

Во нива со компири во тетовско откриени 200 стебла марихуана

Полициски службеници од ПС Тетово вчера околу 14 часот на локалниот пат Тетово-селоТребош, во нива посадена со компир, во внатрешноста пронашле од 150 до 200 непознати зелени стеблести растенија со висина од 40 до 170 сантиметри за кои постои сомнение дека се „канабис сатива“.

Како што информира МВР, увид извршила увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Сопственикот на нивата е непознат.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com