HomeДЕНЕШНАСветВо напади на Боко Харам убиени 32 војници

Во напади на Боко Харам убиени 32 војници

Во Нигер, минатата ноќ, кај границата со Нигерија, во конфликтите со екстремистичката група Боко Харам убиени се 32 војници, од кои 30 нигерски и двајца нигеријски војници. Стотина вооружени припадници на терористичката група Боко Харам во петокот навечер извршиле напад над нигерскиот град Босо, стои во соопштението.

„Контраофанзивата изведена рано утрово помогна да се врати контролата над сите места во градот Босо. Ситуацијата е под контрола“, стои во соопштението. Истовремено, нигеријската војска соопшти дека нејзините припадници убиле 19 членови на групата Боко Харам за време на вчерашните конфликти во североисточната држава Борно, додека двајца нивни војници биле повредени.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com