HomeДЕНЕШНАСветВо Лондон се отвара нудистички ресторант

Во Лондон се отвара нудистички ресторант

Луѓето кои сакаат да јадат голи од оваа недела ќе имаат прилика тоа да го прават и јавно во Лондон бидејќи се отвара првиот нудистички ресторант кој најавува искуство на ослободување од замките на модерниот живот. Во ресторантот „The Bunyadi“ нема да има облека, мобилни телефони, храна чие приготвување бара електрични уреди или конзерванси, пренесуваат англиските медиуми. Персоналот ќе биде без облека, додека гостите исто така ќе можат да јадат голи.

Според зборовите на сопственикот на овој ресторант, целиот персонал ќе биде без облека освен куварите кои како што вели тој нема да бидат голи или полуголи од безбедносни причини. Тој исто така истакна дека смета дека нема да биде никаков проблем да се убедат луѓето да дојдат овде и да јадат голи бидејќи веќе 40.000 лица побарале резервација.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com