HomeАНТИСТРЕСШтосноВо Лондон се одржала трка на „горили“

Во Лондон се одржала трка на „горили“

Тркачи облечени во костими на горили трчале на улиците по Лондон за да соберат пари за добротворни цели. „Во големата трка на горили“, тринаесетата ваква трка во која натпреварувачите поминиваат околу осум километри во британската престолнина, учествувале околу 500 лица.

Парите кои ќе бидат собрани од овој настан им помагаат на организациите за заштита на горили во Уганди, Руанди и Демократската република Конго.

1

До сега за проекти посветени за горилите биле собрани повеќе од 2.4 милиони фунти. „Големо е задоволство да се видат волку луѓе собрани поради горилите“, изјави извршната директорка на Организацијата за горили Џулијан Милер, додавајќи дека зад целото стои сериозна порака.

3

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com