HomeДЕНЕШНАСветВо Ирак обесени 36 осудени припадници на Исламска држава

Во Ирак обесени 36 осудени припадници на Исламска држава

Ирачките власти егзекутирале со бесење 36 мажи припадници на екстремната сунитска организација Исламска држава (IS) осудени за убиствата на 1.700 воени регрути, речиси сите шиити, во воената база крај Тикри во јуни 2014 година.

Јахја ал-Насери, гувернер на покраината Ди Кар, потврдил во неделата дека егзекуциите се извршени со бесење. Неговиот портпарол Абделхасан Давуд изјавил дека осудениците биле погубени во затворот во главниот град во покраинската престолнина Насирија.

„Егзекуциите на 36 мажи обвинети за кривични дела во Спеишер беа извршени утрово во затворот во Насирија.. Гувернерот на Дои Кар, Јахја ал-Насери, и министерот за правда Хајдер ал-Замили беа присутни надгледувајќи ја егзекуцијата. Осудените беа пренесени во Насирија минатата седмица откако претседателот (Фуад Масум) го одобри погубувањето“, изјавил портпаролот Давуд.

Главниот кривичен суд во Багдад во феруари годинава осуди 40 од 47 обвинети за учеството во масакрот во Спиешер. Судот уште во јули 2015 година осуди 24 лица на смртна казна поради истиот масакр, а невладината организација Human Rights Watch тогаш предупреди на „недоволната транспарентност“ на судењето.

Ирачкиот премиер Хајдер ал-абади, изјави по експлозијата во Багдад во јули кога беа убиени повече од 300 луѓе дека сака да ги забрза погубувањата на осудените терористи џихадисти.

Речиси 1.700 главно припадници на шиитската милиција кои биле регурирани во ирачката армија се убиени во „масакрот во Спеишер“, истоимена воена база, која го добила името по првата американска жртва во „Пустинската бура“ во Заливската војна против Ирак, сместена на северната граница на областа Тикрит од каде што биле грабнати, а потоа погубени во првите денови од офанзивата на Исламската држава во северен Ирак во јуни 2014 година.

Ирачките власти во мај 2015 година започнаа да ја пребаруваат околината во потрага по гробови по повторното освојување на градот на 31-ви март минатата година. Досега неколку стотици тела се ексхумирани на четири места а на едно од нив се откриени 400 тела.

Во масакрот во Спиешер, база која се предала откако била опколена од борците од Исламската држава , ги издвоила главно шиитските воени регрути, предизвика жестока осуда на меѓународната заедница и го поттикна јакнењето на поддршката за воени операции против џихадистите. Првата масовна гробница беше откриена на почетокот од април 2015-та, во квартот во којашто се наоѓа палатата на поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин, на брегот на реката Тигрис.

Садам Хусеин потекнуваше од Тикрит, и во неговото владеење малцинските сунити доминираа со Ирак на штета на мнозинските шиити. По меѓународната интервенција предводена од САД и НАТО од 2003 година, офицерите лојални на Садам организираа бунтовнички групи кои започнаа секташка војна, а во летото 2014 година ѝ се приклучија на Исламската држава.

Исламската држава во својата ненадејна офанзива од почетокот на јуни 2014 година освои големи делови од Ирак, а истиот месец ја нападна и воената база Спеишер. Локалните сунитски племиња се обвинети за помагање во бруталните егзекуции, кога издвоените шиити со врзани раце биле однесени со камиони. Биле принудени да лежат со лицата кон земјата и така биле егзекутирани, а потоа фрлани во претходно ископаните јами.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com