HomeДЕНЕШНАРегионВо времето на Југославија, внатрешните граници во ридовите не беа важни

Во времето на Југославија, внатрешните граници во ридовите не беа важни

Швајцарскиот весник „Ној цирхер цајтунг“ пишува за „политичкиот ќор-сокак во Косово“, откако завчера, владата на Косово го повлече од парламентот нацрт-договорот за демаркација со Црна Гора, бидејќи на седницата не присуствуваа пратениците од Српската листа.

„Демонстрантите кои се собраа во близина на парламентот славеа – а брзо им се придружија и пратениците од опозицијата. Дали и кога владата повторно ќе се обиде да го спроведе започнатото – не е јасно“. (премиерот Иса) Мустафа истакна дека целата работа е само одложена, но не прекината.

„Предмет на дискусија се 8.000 хектари земјиште на Руговска Планина меѓу Пеќ и Рожај во Црна Гора. Косовската влада вели дека таа територија и’ припаѓа на Црна Гора. Новата граница се протега по должината на старата граница на 1974 година, што тогашната српска покраина Косово ја одвојуваше од Црна Гора. Но, локалните овчари и дрвосечачи, пак, се жалат дека сo границата ќе останат одделени од нивните пасишта и шуми. Во времето на Југославија, внатрешните граници во ридовите не беа важни“.

„Од прогласувањето на независноста на Косово пред осум години, ниедна расправа толку не ја подели земјата“. Во текстот се објаснува дека до толку голем спор дојде поради Сапоопределување – левонационалистичка опозициска партија која води голема кампања базирана на страв од загуба на територија и свирепо го искажува непријателство кон политичката елита. Весникот потсетува дека пратениците од опозицијата од почетокот на годината, фрлаат солзавец во парламентот за да го спречат гласањето за прифаќање на наведената спогодба.

Црна Гора досега воздржано реагира на развлекувањето со демаркацијата, но тоа ќе се промени доколку одложувањето продолжи“, пишува „Ној цирхер цајтунг“.

Дрецун: Црна Гора и Косово спорат за српска територија

Црна Гора, за жал, го призна Косово како независна држава и сега се расправаат околу дел од територијата што не и’ припаѓа ниту на едната ниту другата, туку на Република Србија, вели претседателот на Одборот за Косово и Метохија на Собранието на Србија, Милован Дрецун. Владата на Косово го повлече нацрт-договорот за демаркација со Црна Гора, бидејќи на седницата не присуствуваа пратениците од Српската листа. Тие еден ден порано и најавија дека од безбедносни причини, нема да бидат во салата.

„Безбедноста на оние кои припаѓаат на заедниците кои не се Албанци е секогаш загрозена, и главно се работи за српскиот народ“.

„Тоа е провидна тактика, која, за жал, резултира во корист на Албанците“, вели Дрецун и нагласува дека Албанците се’ уште со закана, насилство и протести настојуваат да вршат силен притисок на дел од меѓународната заедница, особено на Брисел, и евентуално на Вашингтон за да се исполнат нивните барања.

Дрецун смета дека претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, направи се’ што можеше против интересите на Србија и српскиот народ, вклучувајќи го и најголемиот удар, кога го призна Косово како држава. Тој верува дека Ѓукановиќ сега мора да се справи со последиците.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com