HomeДЕНЕШНАСветВо воздушен напад во Јемен убиени 25 лица

Во воздушен напад во Јемен убиени 25 лица

Дваесет и пет лица се убиени во најновиот воздушен напад, изведен рано утринава во јужниот јеменски град Таиз од авиони на сунитската коалиција, предводена од Саудиска Арабија, врз шиитските бунтовници од племето Хути, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на претставници на јеменските безбедносни сили.

Во нападот загинале 15 бунтовници и 10 цивили, додека уште осуммина граѓани се ранети.

Во меѓувреме, висок јеменски воен командант соопшти дека во синоќешната серија напади, изведени од групата Исламска држава во јужниот град Мукала, биле убиени 48, додека ранети се уште 30 лица.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com