HomeДЕНЕШНАСветВо бомбашки напади во Ирак починале 15 лица

Во бомбашки напади во Ирак починале 15 лица

Во бомбашките напади изведени над контролниот пункт на полицијата, ресторант и два пазари во Багдад и околината на тој град починале 15 лица, а повеќе од 40 биле повредени. Најсмртоносен бил самоубивствениот бомбашки напад на контролниот пункт во градот Тарамиј, околу 50 килиометри оддалечен од главниот град на Ирак, во кој биле убиени осум лица, а 15 биле повредени. Меѓу жртвите на нападот се нашле и тројца војници.

Во два посебни напади на пазарни места во Багдад биле убиени пет лица, а во експлозија на бомба чија мета бил ресторант починале две лица. Бомбашките напади се случиле како последица на тоа што силите на Ирак се обиделе да го преземат градот Фалуџа од екстремистите на Исламската држава.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com