HomeДЕНЕШНАРегионВо Албанија во православните цркви се снимаат реклами за невестински фустани

Во Албанија во православните цркви се снимаат реклами за невестински фустани

Грчкиот портал “Њузмесинија” објави дека Албанската православна црква упати протест до Министерството за култура на Албанија, поради неговата одлука да и дозволи на една модна агенција да прави фотосесии за реклами на невестински фустани во верските храмови.

На самите фотографи се сликани млади жени облечени во невестински фустани пред олтарите во православни цркви во алабанските градови Берат и Елбасан.

Во соопштението на Албанската православна црква се наведува дека ваквиот потег не е во согласност со заложбите за верска хармонија со која се гордее земјата.

„Ваквите светогрдија не се реклама за културното наследство и досега не се преземени кон ниту една веркса заедница во Албанија“, се наведува во соопштението.

Инаку, во соопштението се оценува дека албанската Влада продолжува да врши злосотрство врз свети места и да ги навердува верските чувства на православните граѓани.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com