HomeДЕНЕШНАСветВојската на Ирак се поблиску до Мосул, освоен уште еден град

Војската на Ирак се поблиску до Мосул, освоен уште еден град

Ирачките сили, потпомогнати со воздушните удари на коалицијата, ги истиснале екстремистите на Исламската држава од Кајарај, стратешки важен град на север од земјата за започнување на офанзива за ослободување на Мосул. Ирачкиот воен функционер Ријад Џалал Тавфик, кој ги води копнените сили, изјавил за АФП дека војската ги контролира сите делови од Кајара и дека за кратко време успеале да ја „искоренат“ Исламската држава.

Сега тие го расчистуваат градот, кој се наоѓа на околу 60 километри јужно од Мосул. Премиерот на Ирак Хајдер Абади го поздравил „клучниот чекор“ кон ослободување на Мосул. „Нашите херојски сили оствариле голема победа. Тоа е важен чекор кон ослободување на Мосул“, изјави Абади.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com