HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВоодушеви на ЕВРО 2016, а сега е цел на Ливерпул

Воодушеви на ЕВРО 2016, а сега е цел на Ливерпул

Јирген Клоп би можел да го доведе својот сонародник во Ливерпул оваа сезона. Еден од играчите кои би можеле да се претворат во ѕвезда на овој трансфер период е Јулијан Дракслер. Офанзивниот везист минатото лето беше на мета на Јувентус, но на крајот сепак се одлучи да направи трансфер од Шалке во Волфзбург и да сотане во Бундес лигата. Оваа година импресионираше на изминатото Европско првенство, беше еден од најдобрите во репрезентацијата на Германија кога добиваше прилика да се покаже.

„Јасно е дека Волфзбург не е неговиот конечен сон, исто како што тоа не беше ни Шалке“, изјави Клаус Алофс, претседателот на Волфзбург кој на некој начин ја најави продажбата на овој фудбалер. „Постојат клубови кои се заинтересирани за него, тоа се Барселона, Реал Мадрид и еден клуб од Англија“, изјави тој.

Сите сметаат дека тој клуб би можел да биде токму Ливерпул. Денешниот „Ливерпул Ехо“ ги пренесува пишувањата на останатите медиуми на островот дека Дракслер би можел да се пресели на „Енфилд“ во трансфер вреден 52 милиони фунти. Дракслер е огромен потенцијал и играч профил кој се вклопува во стратегијата на Клоп, но останува да видиме дали Ливерпул е подготвен да ја плати оваа астрономска сума.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com