HomeДЕНЕШНАСветВонредна состојба во Флорида поради бурата Колин

Вонредна состојба во Флорида поради бурата Колин

Гувернерот на Флорида, Рик Скот, вчера прогласи вонредна состојба во државата заради тропската бура Колин, која е проследена со поројни дождови и силни ветрови, пренесоа американските медиуми.

Во реонот на заливот Тампа приближно 7.600 домаќинства останаа без електрична енергија. Многу патишта се поплавени. Затворени се училиштата во најмалку еден округ. Властите делат вреќи со песок за жителите да креваат насипи пред своите куќи против очекуваните поплави.

Гувернерот нареди во состојба на зголемена готовност да се стават околу 6.000 резервисти од Националната гарда. Предупредување за тропска бура е прогласено, исто така, и во државите Џорџија и Јужна Каролина.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com